Вечерва на сцената „Хамлет од Горно Дупени“

Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“Вечерва, 24.6.2016 година, во рамки на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ публиката во СЦ „Ново Лисиче“ ќе има можност да ја проследи комедијата „Хамлет од Горно Дупени“ во изведба на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп од авторот Иво Брешан, а во режија на Кирил Петровски.
Оваа гротескна трагедија е травестија на познатата комедија од Шекспир „Хамлет“. Селскиот одбор изнесува предлог во нивното село да се направи поучна театарска претстава, од која селаните ќе научат кои работи се полезни, а кои не. Изборот паѓа да се направи Шекспировиот „Хамлет“, со што ќе се прикаже целиот апсурд на еден општествен поредок.
Во претставата играат Андон Јованоски, Марјан Чакмакоски, Марија Спиркоска-Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски…
Инаку, вчера на истата сцена се одигра претставата „Елинг“ од Сајмон Бент, која ја крена публиката на нозе, додека претходно беа изведени претставите „Автобусот“ од Софија и „Балкански шпион“ од Сараево.
 Вечерва, 24.6.2016 година, во рамки на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ публиката во СЦ „Ново Лисич

Пронајдете не на следниве мрежи: