Италијанска компанија ДФ Лабс најави инвестиција во Македонија. Станува збор за светски позната компанија во ИТ сферата во областа на сајбер безбедноста и форензичка анализа, чии клиенти се реномирани меѓународни компании меѓу кои и ИБМ, како и НАТО и други светско познати компании и институции.За оваа и останатите странски инвестиции, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, зборуваше во вестите на Сител телевизија.
-Тоа е компанија за информатичка технологија која се специјализира во едно поле кое е доста актуелно, тоа е компјутерската безбедност и форензика, тоа е доста актуелно бидејќи секојдневно имаме употреба на информатичката технологија во секојдневниот живот, поготово за безбедноста и стапбилноста на електронската трговија, рече Самак.
Компанијата, како што нагласи тој, одлучила да инвестира во Македонија како резултат на работата на министерот Џери Наумов и промоторот на агенцијата за странски инвестиции во Италија по три месеци интензивна работа.
-Она што ја импресионирало фирмата покрај генералните улови што ги нуди е фактот што многу лесно може да се воспостави една програма за соработка со нашите универзитети и да се најдат одлични кадри кои допрва ќе бидат дообучувани и тренирани во ова поле. Оваа фирма планира да вработи 20 инжињери од оваа област, нагласи министерот Самак.
Тој нагласи дека засега инвестициите во вакви фирми се бори исклучиво по бројот на вработени, а во овој случај, како што рече, се работи за дури 20 висококвалификувани инжињери.
Министерот Самак се осврна и на денешната посета во компанијата Ван Хоол, при што нагласи дека благодарение на оваа инвестиција се вработиле 430 граѓани на Република Македонија.
-Сите овие бројки укажуваат на една драстична и брза динамика, дури и ние бевме изненадени, бидејќи е побрзо од нивниот оригинален план и тоа покажува едно големо задоволство од страна на инвеститорот, потенцираше тој.
Министерот Самк коментираше и за денешните изјави на грчките медиуми кои посочија дека Самарас треба да го следи примерот на Груевски за привлекување на инвестиции.
-Кога ќе ја тргнете завесата на политичката реторика, остануваат само фактите а тоа е дека во последните години во Македонија имаме намалување на невработеноста, а кај нашиот јужен сосед имаме обратна ситуација, до денес кога тие бројки се скоро изедначени. Реалноста е дека овие ситуации и слики не се променуваат од денес за утре, посочи министерот.
Додаде дека е важно да се има целосна посветеност во Владата и системација на проектите, за по седум години напорна работа да се видат резултатите.
Преземено од:republika.mkЗа оваа и останатите странски инвестиции, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, зборуваше во вестите на Сител телевизија.