Особено е важно да се спроведат предвремените парламентарни избори во Македонија со што би се спровел политичкиот договор постигнат меѓу политичките партии, истакнал претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски на средбата во Вашингтон со претседателот на НДИ Кенет Волак, пишува МИА.-Вељаноски нагласи дека за справување со мигранската криза со која се соочува Република Македонија, но и цела Европа, потребно е да имаме стабилна Влада која ќе може да одговори на предизвикот. Од тие причини треба да се спроведат изборите во предвидените рокови, бидејќи се очекува зголемување на бројот на бегалци во наредниот период, соопшти Кабинетот на Вељаноски.
Волак, пак, потенцирал дека ја следат ситуацијата во Република Македонија и оти сметаат дека Собранието треба да има значајна улога во решавањето на сите отворени политички прашања и проблеми, бидејќи политичката дебата треба да се води во Собранието.
Соговорниците се согласиле дека преку Парламентот се отсликува политичката ситуација во една држава.
Вељаноски изразил уверување дека и овој пат како многу пати досега политичките партии во РМ ќе најдат начин и трпените да ја надминат и оваа ситуација. Воедно претседателот на македонскиот Парламент се заблагодарил на НДИ за активното учество во унапредувањето на парламентарната соработка преку иницирање и реализација на бројни проекти во Собранието, меѓу кои отварањето на Парламентарниот институт. Волак изразил задоволство што Парламентарниот институт е позитивно прифатен од страна на сите политички структури во Собранието и успешно ја извршува својата работа и истакнал дека НДИ ќе остане отворена за идни проекти и соработка со Собранието.
На средба со претседателот на ИРИ, Марк Грин, пак, Вељаноски информирал за интересите и приоритетите на РМ во наредниот период и работата на македонското Собрание и е нагласена досегашната успешна соработка.
Вељаноски истакнал дека анкетите кои ги спроведува ИРИ во Македонија се почитувани и се сметаат за релевантен извор на податоци за јавното мислење, а Грин навел дека ИРИ е заинтересирана за идна соработка и е отворена за размена на идеи за нови проекти во РМ. Тој нагласи и дека ИРИ секогаш ја охрабрува Владата на САД да помага на земјите кои имаат проблеми како што е проблемот со бегалската криза во Македонија. Господин Грин истакна дека најголемиот проблем со оваа мигрантска криза е што никој не ја очекуваше и затоа е тешко брзо да се изнајде решение, се вели во соопштението.
Во тек на посетата на Соединетите Американски Држави Вељаноски се сретна и со претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Колоски, на која што присуствувале и потпретседателката на Собранието на РМ Рената Десковска и пратеникот Павле Саздов. Разменети се мислења и ставови за многу прашања од интерес на нашите иселеници, соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ.-Вељаноски нагласи дека за справување со мигранската криза со која се соочува Република Македонија, но и цела Европа, потребно е да имаме стабилна