среда, 25 ноември 2026
Најново

Верниици од целиот свет пристигнуваат во Стариот град на Ерусалим на Велики Петок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Верници од сите делови во светот ги исполнуваат улиците на Стариот град на Ерусалим, каде учествуваат во процесот на одбележување на Христовото распнување, јави ДПА.Француските монаси ќе ја почнат традиционалната процесија за Велики Петок по Виа Долороса нешто по 12 часот, три часа пред почетокот на церемонијата на православната црква.
Маршуртата по Виа Долороса (Патот на болката) е дефинирана во 14. век од француските монаси. Се смета дека тоа е патот, по кој минал Исус Христос, со крстот како товар кон местото на распнувањето, Голгота.
Оваа година паравославните, католиците и протестантите го празнуват Велигден на ист датум, што се случува мошне ретко, ако се има предвид дека западните цркви го користат Грегоријанскиот календар, а источните Јулијанскиот. Следниот пат вакво совпаѓање ќе има во 2025 година.
Велигден се поклопува исто така со еврејскиот празник Пасха, со кој се одбележува библиското масовно заминување на Евреите од Египет.
Израелското Министерство за турзам очекува дека Стариот град ќе го посетат 79.500 христијански и 78 илјади еврејски туристи.Француските монаси ќе ја почнат традиционалната процесија за Велики Петок по Виа Долороса нешто по 12 часот, три часа пред почетокот на церемонијат

Поврзани вести