Оваа ексклузивна верзија на уредот наместо во картонска, ќе се пакува во кутија направена од даб, заедно со сите потребни додатоци.И додека целиот свет во редици го чекаше најновиот iPhone, компанијата Gold Genie ја направи „Шестката“ од чисто злато и дијаманти, која чини неверојатни 3,5 милиони долари.
Уште поневеројатен е фактот дека компанијата прими веќе неколку нарачки.
Ексклузивната линија на iPhone 6 се вика Diamond Ecstasy. За iPhone 6, истоимената компанија подготви маска од жолто и розово злато, како и платина со дијаманти кои го красат логото на Apple.
Цената на основниот пакет изнесува околу 15.000 долари, а во понудата се вклучени и опции за прилагодување на уредот според желбите на купувачот, со ласерско гравирање на посвети, но и вградување на поскапи и поголеми скапоцени камења чија вредност се проценува на 3,5 милиони долари.
Уште првиот ден биле примени 5 нарачки од основните модели, а купувачите се анонимни.
Погледнете го видеото:
И додека целиот свет во редици го чекаше најновиот iPhone, компанијата Gold Genie ја направи „Шестката“ од чисто злато и дијаманти, кој
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.