Ви се скрши руменилото или пудрата? Спасете ги во ТРИ ЕДНОСТАВНИ чекори!

Како што наближуваат топлите денови, камената пудра ќе го заземе местото на течната пудра. Покрај руменилото, камената пудра е најзастапениот компактен козметички производ во секоја козметичка торба.Кога еднаш ќе изберете идеална камена пудра, ништо повеќе нема да ве налути од тоа кога ќе ви испадне од раце и ќе се скрши. Што да се стори тогаш?
Овие едностави чекори ќе ви го решат проблемот!
Потребно ви е:
Шишенце за прскање со алкохол
Марамчиња
Кованица или некој метален предмет кој е со големина и облик како кутијата со пудра или руменило

Постапка:
1. Ако одреден производ паднал така што останале парчиња, потрудете се сите да ги претворите во прав бидејќи така полесно ќе ракувате со нив. Тоа може да го направите со молив или краеви од четка.
2. Потоа, испрскајте ја пудрата со алкохол за да добиете влажна смеса, па кованицата или металниот предмет што сте го подготвиле завиткајте го во марамче и притиснете ја влажната шминка. Држете така неколку секунди.
3. На крај, оставете да се исуши и за неколку минути вашата пудра, руменило, бронзер или сенка за очи повторно ќе бидат подготвени за употреба.Кога еднаш ќе изберете идеална камена пудра, ништо повеќе нема да ве налути од тоа кога ќе ви испадне од раце и ќе се скрши. Што да се стори тогаш?

Пронајдете не на следниве мрежи: