Видео: 10 мистериозни фотографии без никакво објаснување

Ќе ве наежат: Овие десет фотографии прикажуваат необични феномени,  луѓе  или глетки кои не би требало да се најдат на нив, а нивната автентичност ја потврдува и науката…1.Бабушка
На фотографиите снимени  за време на атентатот на американскиот претседател  Џон Ф. Кенеди во 1963 година на снимките и фотографиите се забележува жена која самата фотографира додека луѓето околу нејзе бегаат. FBI ја барал таа жена, но нејзиниот идентитет и фотографиите кои ги снимила никогаш не биле пронајдени.
2.Светло во Хасдален
Со текот на годините, на фотографиите снимени  во норвешката долина Хесдален, се појавуваат необични светла. Направени се бројни студии  за да се објасни овој феномен, но научниците и понатака бараат  објаснување за оваа појава.
3.Морско чудовиште на островот Хук
Туристи во 1965 година воочиле необична појава која пливала кон нив. Имала облик на голем полноглавец, со должина од околу 25 метри. Откако снимиле неколку фотографии, парот вели дека суштеството ја отворило устата и потоа полека отпливало од нив.
4.Вонземјанин над Солвеј Фирт
Маж кој во 1964 година во Велика Британија ја фотографирал својата ќерка, откако ги развил фотографиите забележал чудна појава – маж кој изгледа како астронаут. Тврди дека  никој друг не бил во близина кога ја фотографирал својата ќерка.
5. Духови на бродот Ватертаун
Ова е една од првите и ретки фотографии која прикажува духови, а снимена е во 1924 година  на американскиот брод Ватертаун. Наводно се работи за двајца морнари кои недолго пред фотографијата починале на море во прилично бизарни услови, а потоа нивните лица се појавувале на површината на водата и го следеле бродот.
6 Сателитот Црн Витез
Темен предмет наводно влегол во орбитата на Земјата, а во тоа време немало лансирани сателити ниту пак предметот бил идентификуван како дело на луѓето. Од тогаш, наводно биле снимени голем бој фотографии кои покажуваат сличен предмет во орбитата кој недолго по сликањето исчезнува.

7. Висечко тело
За оваа фотографија постојат многу малку информации, освен тоа дека семејството Купер се вселило во новата куќа и таму снимиле семеен портрет. Откако ги развиле фотографиите, забележале тело кое виси.
8. Пирамида на Месечината
Оваа фотографија ја снимила посадата на Аполо 17 во близина на карпата Геофон за време на нивниот последен лет на месечината. Фотографијата била прогласена за неважечка поради преголемата експлозија. Сепак, таа не е во потполност празна, а прилоагодбата на контарстот  на нејзе открила структура на Месечината која личи на пирамида.
9. Дух на ескадрилата Годардов
Оваа слика е снимена во 1919 година на денот на погребот на еден  нејзин член, Фреди Џексон. На врвот на фотографијата, зад последниот ред, во магла се гледа лик кое членовите на ескадрилата го идентификувале како нивниот починат член.
10. Мистериозниот сличај Елис Лам.
Овде не се работи за  фотографија, туку за видео од лифт, со кој се возела  Елиса Лам пред нејзиното тело да биде пронајдено во резервоарот за вода на покривот на хотелот. Нејзината смрт била прогласена за несреќен случај, бидејќи на  телото не биле најдене  знаци на насилство, како и присуство на дрога или алкохол. На снимката може да се види како  влегува во лифт, и се однесува многу чудно, оддалечувајќи се и мавтајќи со рацете.
1.Бабушка
На фотографиите снимени  за време на атентатот на американскиот претседател  Џон Ф. Кенеди во 1963 година на снимките и

Пронајдете не на следниве мрежи: