Видео: Актерот на серијата „Беверли Хилс“ работи како стриптизер

Нема личност која не се сеќава на високиот, русокос и насмеан Стив Сандерс од популарната серија „Беверли Хилс“.
Од снимањето и емитувањето на оваа серија помина доста време, но овој актер и понатаму заработува под светлата на рефлекторите.
Актерот Иан Зиринг после кариерата во Беверли Хилс одлучи да се пресели во Лас Вегас и да ги покаже мускулите, буквално.
Всушност, овој мускулест актер моментално заработува на сметка на своето набилдано тело. Иан и се придружи на популарната дружина Chippendales, а со својот нов ангажман се пофали на Твитер.

„Чест ми е да настапувам со момците од Chippendales. Тоа е одлична група со одлични момци“,напишал тој на својот Твитер Профил.
Иан за својот нов ангажман зборувал и пред камерата на Sky News. Така признал дека оваа работа ја прифаќа како уште една улога и дека бил воодушевен со повикот.
А, за обожавателките на Chippendales да продолжат да вриштат по нив, Иан се грижи да остане во форма.

„Одам два пати неделно во теретана и се трудам да се придржувам до правилна исхрана. Со тренирање изгубив 12 килограми. Без било каков срам, сега можам да настапувам со останатите момци, а тие се навистина одлично градени. Сега сите можат да ме викаат Магичен Иан“, раскажал тој за медиумите и и се заблагодарил на неговата сопруга Ерин која е неговата најголема потпора и го наговорила да им сепридружи на Chippendales.
Нема личност која не се сеќава на високиот, русокос и насмеан Стив Сандерс од популарната серија „Беверли Хилс&l

Пронајдете не на следниве мрежи: