Видео: Активиран е вирус кој бил замрзнат 30.000 години

Тим од француски научници успешно оживеале вирус што бил замрзнат 30.000 години, пронајден на длабочина од 30 метри во Сибир. Станува збор за најголемиот вирус што некогаш е откриен. Тој е долг 1,5 микрометри, а за среќа, не ги напаѓа луѓето ниту животните. Вирусот, наречен „Pithovirus sibericum“ е пронајден на длабочина од 30 метри во примерок од замрзната почва во Сибир.
„Влегува во клетката, се размножува и на крајот ја убива. Во состојба е да убие амеба, но нема да зарази човечка клетка“, вели докторката Шантал Абергал, која е дел од тимот научници.
Научниците велат дека не виделе нешто слично досега и предупредуваат дека е можно да се откријат и други вируси како последица од глобалното затоплување. 
Погледнете го видеото на следната страна. 

 Станува збор за најголемиот вирус што некогаш е откриен. Тој е долг 1,5 микрометри, а за среќа, не ги напаѓа луѓето ниту животните. Вирусот, нарече

Пронајдете не на следниве мрежи: