Далас Виенс од Тексас најмногу од се на светот би сакал да ја бакне својата ќерка. Младиот татко доживеал трагедија која му го променила животот.
Имено, Далас на 24 години претрпел опекотини од четврти степен кога неговото лице го допрел кабел со висок напон на струја. Докторите се уште се чудат како воопшто преживеал.
„Можам да ги добивам бакнежите на мојата ќерка, но не можам да ги почувствувам“- вели тој. Се надева дека чувствата на лицето ќе му се вратат по трансплатацијата на лице, што е комплициран хирушки зафат кој досега е извршен само два пати во Америка.
Среќа во целата несреќа е што опекотините биле нанесени само на неговото лице, а мозокот како и остатокот од неговото тело не бил оштетен.
Далас вели дека и покрај се тој верува во Бог и знае дека Бог го прифаќа каков и да е. Најважно му е што неговата ќерка никогаш не посветувала внимание на неговата деформација и дека е среќна што тој е покрај неа.
Докторите се надеваат дека се ќе биде во ред по операцијата.
Далас Виенс од Тексас најмногу од се на светот би сакал да ја бакне својата ќерка. Младиот татко доживеал трагедија ко