Видео: Човекот кој бил „киднапиран од вонземјани“ повторно во јавноста!

Келвин Паркер јуниор вели дека пред многу години го прегледало џиновско око, но дека прегледот дома бил тој што го натерал повторно да излезе во јавноста.Пред околу 40 години, Чарлс Хиксон и Келвин Паркер јуниор, тврдеа дека виделе неидентификуван летечки објект (НЛО) и неговниот екипаж, и дека вонземјаните ги киднапирале додека биле во риболов. Таканаречениот Паскагула инцидент, наречен по градот во Мисисипи каде се одиграло, предизвика големо внимание на јавноста и  е еден од најпознатите такви случаеви. Хиксон почина во 2001 година на 80 години од животот и до крајот остана при својата приказна.
Паркер денес вели дека и понатаму се бори со средбата од трет вид, која го преврте неговиот живот. Тој истакна дека со децении се сели по земјите и менува работа за да избега од несаканото внимание.
Паркер рече дека гаел сомнежи за својата средба со, како што ги нарече, „сивите, избрчкани суштества со клешти како на рак, а стопалата како на слон“. Биле, грубо гледајќи, во хуманоидна форма, висина метар и пол, немале очи кои тие би можеле да ги видат и исечена линија на местото на устата.
Главите им биле директно на рамениците, без врат. Имале три израстоци „како моркови“, на средината на лицето каде што кај луѓето е носот, а останатите две на местото каде се ушите. Имале само една нога или две како да се споени заедно, а на крајот на стапало како на слон. Хиксон рече дека суштествата се движеле механички, како роботи.
– Тоа е нешто што навистина не сакав да се случи, рече Паркер.
Тој имал 19 години, кога во текот на ноќта на 11 октомври 1973 година заминал на риболов со Хиксон, колега од работа, на брегот на реката Паскагула.
Тие двајца раскажаа дека НЛО со сини светла неочекувано се појавило пред нив, левитирајќи над тлото околу 60 сантиметри, проследено со звук на зуење.
Тркалезното летало било 2,5 метри широко и високо.

 Хиксон, кој тогаш имал 42 години, рече дека потоа се појавиле три суштества и ги фатиле за надлактиците, правејќи да левитирирајќи влезат во леталото и ги одвеле во просториите лево од влезот.
Потоа се појавило нешто што изгледало како огромно, лебдечко око, да ги испраша.
– Не прегледаа детално, мислам навистина детално, како лекари, рече Паркер, додавајќи деке бил свесен, но парализиран.
Потоа тој и Хиксон се нашле на брекот на реката, а НЛО исчезна, јави „Скај нјуз“.
Откако ја информираа полицијата за случката, привлекоа внимание на целата американска јавност, од ентузијасти до скептици. Случајот стана еден од најпознатите поврзан со НЛО во американската историјиа. После тоа следеа стотици пријави на луѓе што виделе НЛО.
Повторно се зголеми интересирањето за инцидентот кој се случил во 40-те години во Њу Мексико. Ентузијастите веруваат дека Владата го преземала леталото кое таму се урнало и вонземското тело. Американската Влада со децении негира  дека тоа се случило.
Пред околу 40 години, Чарлс Хиксон и Келвин Паркер јуниор, тврдеа дека виделе неидентификуван летечки објект (НЛО) и н

Пронајдете не на следниве мрежи: