Видео: Дали Путин е несигурен во својата машкост?!

Како и кај нас, така и во Русија, во понеделникот започна новата учебна година, а по тој повод рускиот претседател Владимир Путин ги посети учениците во едно училиште во Москва. Се ќе поминеше во најдобар ред доколку Путин не нацрташе цртеж на таблата, кој предизвика анализирање на неговата личност од страна на психолозите. 
Со цел на учениците да им посака успешна година Путин напиша нешто на таблата. Всушност тој нацрта мачка која се гледа одзади. По овој цртеж, психолозите веднаш се фрлија да направат психолошка анализа на рускиот претседател. 
Според психологот Борис Суворов преку цртежот на Путин може да се сфати дека тој е „осамен човек кој живее во сопствената глава“, а опашот на мачката го протолкува како „симбол за несигурноста на Путин во својата машкост“.
Дали е тоа навистина така, само Путин може да потврди. 
 
 Се ќе поминеше во најдобар ред доколку Путин не нацрташе цртеж на таблата, кој предизвика анализирање на неговата личност од страна на психолозите.

Пронајдете не на следниве мрежи: