Видео: Денот кога Југославија беше поразена

На денешен ден пред 23 години на стадионот Максимир во Загреб требаше да биде одигран натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда, но натпреварот никогаш не беше одигран докрај поради големите нереди кои ги предизвикаа навивачите на двата клуба.
На овој важен ден за многумина, околку 2500 навивачи дојдоа од Белград и првите инциденти почнаа уште на стартот на натпреварот.
,,Ова е Србија извикуваа навивиачите на Звезда и пее песни за Дража –  ,,Срби на врби,, и песни за Анте Павелиќ враќаа другите.
Голем број присутни ја запаметија сликата каде што  фудбалерот Звонимир Бобан го удира полицаецот.
Се сметаше дека се е испланирано бидеји шишињата и камењата биле веќе донесени на стадионот. Полицијата мораше да се вмеша и по дивеењето со водени шмркови е спречено насилството.
Српските навивачи беа под полициско обезбедување на стадионот се до ноќта кога се транспортирани до воз и назад за Белград.
Спортот тој ден не беше важен – останаа 193 повредени од кои 117 полицајци. Медиумите беа поделени.
За многумина овој ден претставува денот кога Југославија беше поразена, бидејќи од овој наптревар се тргна надолу и доведе до распад на Југославија. 
извор. мкд На денешен ден пред 23 години на стадионот Максимир во Загреб требаше да биде одигран натпреварот помеѓу Динамо Загреб

Пронајдете не на следниве мрежи: