Видео: Девојка се заканувала дека ќе ги убие сите во авионот,персоналот едвај ја смирил

24-годишната Валери Курбељо била уапсена и затворена поради смртни закани на лет за Сакраменто.Таа запалила цигара во тоалетот на авионот додека тој бил некаде помеѓу Портланд и Сакраменто. Авио-компанијата соопштила дека тогаш се обидела да го уништи детекторот за чад.
Кога персоналот предупредил дека пушењето во авионот е забрането и побарал да се врати на своето место, Курбељо ја извадила маската за кислород над седиштето и почнала да вика.
Еден од патниците го снимил целиот инцидент, а на снимката се гледа Курбељо како ги собира своите работи и вели: “Се колнам, ако не слетате, ќе ги убијам сите во овој авион”.
Стјуардесата потоа се обидела да ја смири, но Курбељо ја турнала. Персоналот на крајот морал физички да ја совлада и така да ја држи до крајот на летот, кој траел уште 30-тина минути.
Курбељо била уапсена веднаш по слетувањето во Сакраменто. Обвинета е за смртни закани и затворена со кауција од 75.000 долари.
Новинар на CBS ја посетил во затвор и ја прашал зошто пушела во тоалетот, а таа одговорила – “поради страв”.
На прашањето зошто им се заканувала на патниците дека ќе ги убие, Курбељо рекла: “Не знам. Тоа не бев јас. Тоа не бев јас”.
Таа запалила цигара во тоалетот на авионот додека тој бил некаде помеѓу Портланд и Сакраменто. Авио-компанијата соопштила дека тогаш се обидела да

Пронајдете не на следниве мрежи: