Видео: Еве ги чудата поради кои папата Јован Павле 2 станува светец

Жена од Костарика којашто боледувала од потенцијално смртоносно проширување на крвните жили во мозокот вели дека слушнала глас од покојниот папа Јован Павле Втори кој ја излечил, што во петокот како чудесно заздравување го призна сегашниот поглавар на Римокатоличката црква папата Франсиск.
Покојниот Папа Јован Павле Втори ќе биде прогласен за свет, соопшти во петокот Ватикан потврдувајќи дека папата Франсиск го потврдил второто чудо коешто му се припишува на полскиот папа кој ја водеше Католичката црква во периодот од 1978 до 2005 година.
Кардиналите и бискупите членови на Конгрегацијата за каузата на светците го прифатиле второто чудо откако она што ја овозможува неговата брза беатификација на 1-ви мај 2011 година. На Јован Павле Втори му беше признаено првото чудо, чудесното заздравување на француска калуѓерка, сестрата Мари Симон-Пјер Норманд, монахиња којашто боледуваше од Паркинсонова болест.
Според правилата на католичката црква, вообичаено за прогласување на светец е неопходно да се потврдат две чуда. Во Ватикан во петокот дека деталите за второто чудо, необјаснивото заздравување на жена од Костарика која му се молеле за помош во лекувањето на денот на неговата беатификација, ќе бидат дополнително објавени.
За медиумите во административната канцеларија на Католичката црква во костариканскиот град Сан Хозе им е поделена писмената изјава на Флорибет Мора која сега има 50 години.
Таа вели дека по тешките главоболки што ги трпела и~ била дијагностицирана потенцијално смртоносна анеуризма во мозокот на 14-ти април 2011 година и оти од болницата била пуштена дома со предупредување дека би можела да почине во рок до една година.
Таа вели дека на 1-ви мај 2011 година во својот дом ја гледала мисата по повод беатификацијата на Јован Павле Втори, му се помолила на починатиот папа за оздравување, а кога се разбудила погледот и’ паднал на неговата фотографија којашто ја имала на својот телевизор.
„Се разбудив и слушнав глас кој ми кажа- ‘стани’. Бев сама а кај себе го имав исечокот од весниците со одбележувањето на папството на Јован Павле Втори. Го ставив парчето весник пред себе, повторно слушнава „стани”, ја видов неговата фотографија како стои со раширени раце и слушнав глас „не плаши се’, па одговорив ‘Да Господине’”, вели Мора.
По неколку дена отишла на контрола и анеуризмата исчезнала. Неврохирургот кој ја лекувал вели дена на Флорибет Мора не и’ кажал дека и’ преостанува само уште еден месец од животот и оти прогнозирал оти има само два отсто веројатност во рок од две години да и’ се случи смртоносен излив во мозокот.
Меѓутоа тој вели дека нема објаснување за исчезнувањето на анеуризмата. Тоа што го утврдивме е извонредно, неверојатно…, во текот на својата кариера не сум видел такво нешто”, додал лекарот
Макфакс
извор:mdk-news.com
Жена од Костарика којашто боледувала од потенцијално смртоносно проширување на крвните жили во мозокот вели дека слушн

Пронајдете не на следниве мрежи: