Видео: Еве како да направите отвор за слушалки на Ајфон 7

Еден шегаџија на Јутуб објави видео во кое се гледа како со бормашина прави дупка на местото што треба да биде влез за слушалки. Имено, новиот Ајфон нема влез за слушалки бидејќи компанијата Епл се обидува да ги поттикне корисниците да се служат со безжични слушалки.„Мајсторот“ на Фејсбук им препорачува на оние на кои слушалките им се прескапи, да направат своја дупка за слушалки користејќи бормашина. Снимката за неколку дена ја изгледаа повеќе од 8 милиони корисници на Јутуб. Некои од нив за жал, буквално сфатиле што рекол и го уништија својот Ајфон 7.
„Се обидов да го изведам експериментот и екранот ми е уништен. Гледајќи го ова видео ја направив најголемата грешка во мојот живот“, напиша еден од сопствениците на Ајфон.
„Пријателот ми кажа дека нему му успеа, но мојот Ајфон веќе не може да се вклучи. Што се случи?“, пишува друг корисник.
Тоа се само некои од коментарите на оние кои наседнаа. Нешто слично се случи во 2014 година, кога многу кориснци на Ајфон поверуваа во убедувањето дека телефонот може да се наполни ако се стави во микробранова печка за само минута ипол. „Се обидов да ја користам новата функција што ќе го наполни телефонот со помош на микробранова печка. Не функционира“, напиша тогаш еден од корисниците.
„Мајсторот“ на Фејсбук им препорачува на оние на кои слушалките им се прескапи, да направат своја дупка за слушалки користејќи бормашин

Пронајдете не на следниве мрежи: