Видео: Јанева нема намера да објаснува како ги троши парите од буџетот

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска пред пратениците призна дека нема намера да дава одговори за тоа каде, за што и колку средства троши од буџетот кој што и го овозможија токму пратениците од Собранието на Република Македонија.„За финансискиот извештај, Ви кажувам, можете да прашувате колку сакате, повеќе информации нема да Ви дадам“, дрско одговори Катица Јанева.
Пратениците во текот на расправата за извештајот на СЈО  во неколку наврати ја прашаа Јанева каде се потрошени над 60 милиони денари за што недостасуваат информации во финансискиот извештај што таа го има ставено во шестмесечниот извештај. Во Собранието се поставија прашања дали овие средства биле искористени за поткупување на сведоци, поради се почестите информации кои ги објавуваа медиумите.
Вакво нетранспарентно, неодговорно и непрофесионално однесување во Собранието на Република Македонија, никогаш и од никого досега не се случило. Токму Катица Јанева е првиот функционер кој што директно одби да даде извештај и да образложи каде и за што ги троши парите на граѓаните.
„За финансискиот извештај, Ви кажувам, можете да прашувате колку сакате, повеќе информации нема да Ви дадам“, дрско одговори Катица Јан

Пронајдете не на следниве мрежи: