Организацијата против малтретирање на жените „Холабек“ направи интересен проект. Жена облечена во црна маичка и фармерки го тестираше однесувањето на мажите по њујоршките улици. Таа шеташе 10 часа низ Менхетн, а камерата пред неа ги снимаше сите дофрлувања од страна.
„Ова дневно им се случува на многу девојки. Не дозволуваме малтретирање во училиштата или на работа, па тогаш зошто треба да го дозволуваме тоа на улиците“ – е прашањето кое што се поставува со ова видео.
Во текот на овие 10 часа, девојката беше соочена со повеќе од 100 случаи на улично малтретирање. Провокациите и коментарите се движеа од „убава“, „секси“, „Господ да те благослови“, до многу неадекватни и некултурни забелешки.
„Некој забележува и ти кажува дека си убава. Треба да бидеш повеќе благодарна за тоа“ – изјави еден случаен минувач.
„Не сакаш да зборуваш? Затоа што сум грд? Не можеме ни пријатели да бидеме, така? – напорно коментираше друг минувач.
На следната страница, погледнете го видеото и самите уверете се до каде се може да оди човечката култура.
Жена облечена во црна маичка и фармерки го тестираше однесувањето на мажите по њујоршките улици. Таа шеташе 10 часа низ Менхетн, а камерата пред не
Пронајдете не на следниве мрежи:


