Видео: Како во иднина ќе се доставуваат пици

Во последно време во САД се зборува за беспилотни летала кои ќе летаат над главите на луѓето и за кои некои сметаат дека ќе прераснат во идеална алатка за следење и надзор на луѓето.
Но, некои компании имаат други планови со овие летала, па така компанијата Domino’s Pizza започнала да тестира летало така наречено „Domicopter“  во кое ќе може да се стави торба со пици и ќе ги носи до куќниот праг на оние кои ги нарачале. За ова тестирање компанијата за пици ангажирала агенција Т+ Biscuits, чиј основач изјавил дека бил воодушевен колку е едноставна доставата со едно вакво летало затоа што нема губење на време во сообраќајот и чекање на семафори, па така пиците многу брзо ќе пристигнат каде што се порачани.
Моменталниот прототип кој се тестира може да достави две пици на радиус од 6 и пол километри за 10 минути. Ова летало е управувано од земјата, но идната верзија на Domicopter, освен дигитален компас и  разните сензори, ќе користи и GPS координати за достава, па нема да има потреба да го управува човекот.
После првото успешно тестирање на леталото за достава, екипата од Domino’s Pizza има намера да продолжи со тестирање и усовршување на овие летала за во иднина тие да можат да пренесат многу повеќе пици и пијалоци. Се уште не е познато кога ваквите летала ќе можат да се користат за секојдневна достава на пици.Во последно време во САД се зборува за беспилотни летала кои ќе летаат над главите на луѓето и за кои некои сметаат де

Пронајдете не на следниве мрежи: