четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВИДЕО: Македонски фудбалер даде ЛЕГЕНДАРНА ИЗЈАВА за бугарските медиуми!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот фудбалер Денис Махмудов стана интернет хит со неговата изјава за бугарските медиуми.Македонскиот фудбалер Денис Махмудов требаше да потпише двегодишен договор со бугарскиот тим Левски. Тој пристигна во Софија, одработи и тренинг со овој тим, но сепак двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик.
Бугарските медиуми пишуваат дека проблемот е во Левски, односно во нивната лоша финансиска состојба.
Сепак, она што ќе остане запаметено е изјавата на македонскиот фудбалер за бугарските медиуми веднаш откако пристигна во Софија.

Од целата изјава единствено што може да се заклучи е дека Махмудов сака да игра за Левски и сака да постигнува многу голови.
Инаку, Махмудов е роден во Велес, а целата своја досегашна кариера ја мина во Холандија, во тимовите на АГОВ Апелдорн, Везеп, Ексцелзиор, Цволе и Спарта Ротердам.

Видео: Sportal.bgМакедонскиот фудбалер Денис Махмудов требаше да потпише двегодишен договор со бугарскиот тим Левски. Тој пристигна во Софија, одработи и тренинг со

Поврзани вести