ВИДЕО: Мирко го испрати Бразилецот на Итна помош!

Mирко заработи неколку конци во големата победа над Габриел Гонзага. Но неговиот противник мораше итно да биде пренесен во болница, на снимање на мозокот, поради потрес.-Незнам каде е. Не го видов на пресконференцијата по борбата, рече еден од најдобрите ултимајт борци на денешницата, кога го прашале зошто Гонзага не седи до него. 
– Гонзага е во болница – кратко одговори водителот.
Мирко со силните удари во главата на Гонзага го прати во болница, на снимање на мозокот. Лактови го одбележаа реваншот меѓу двајцата борци. И пред 8 години, Бразилецот го начна Мирко го лактови, а го заврши со неговото оружје, high-kickom. 

Потоа Мирко кажа дека не бил спремен на борба со лактови. Во втората рунда, Гонзага со лакт, му ја пукна аркадата. А во третата рунда, Мирко го наплати долгот и го разби Бразилецот со неговото оружје.  

Ова беше прва од трите борби според договорот со UFC. А Хрватскиот борец го запрашаа дали размислува за следниот противник и кој би сакал да биде тоа:
– Сега не размислувам на тоа. Размислувам како ќе заминам во хотелот, да се истуширам и да одам дома. Ете толку далеку размислувам – рече Мирко.
-Незнам каде е. Не го видов на пресконференцијата по борбата, рече еден од најдобрите ултимајт борци на денешницата, кога го прашале зошто Гонзага

Пронајдете не на следниве мрежи: