Видео: Мистериозна девојка на плоштадот во Сараево

Интересен начин да се сврти вниманието на јавноста.. Протест или нешто друго, уште не се знае, но Јелена успеа да го натера целиот град да зборува за неа.Јелена Топиќ има 28 години, завршила два факултета и последните 20 дена молчејќи стои на кутијата на сред градскиот плоштад во Приједор.
И тоа е повеќе-помалку се што се знае за оваа девојка која ги збунува граѓаните и која пред две годни во локалниот медиум е претставена во циклусот „млади и успешни“. Таа е дипломирн екномист која тогаш била при крајот и со другите студии, на отсекот филмска и ТВ режија на Академијата за уметности во Бања Лука.
Од друга страна за своите моментални постапки кои ги вклучува стоењето на плоштадот и гледање во една точка во тишина, што почна во почетокот на октомври, не се знае ништо. Таа одбива да комуницира со медиумите или минувачите, но се претпоставува дека е во прашање личен протест поради невработеноста во земјата. Понекогаш во протестот и се придружуваат и минувачите, во една прилика и на главата имала картонска кутија, а понекогаш со себе носи транспарент на кој стои дека таа гласно моличи или дека никој не би ја чул и ако проговори.

Извор: Thnk.mkЈелена Топиќ има 28 години, завршила два факултета и последните 20 дена молчејќи стои на кутијата на сред градскиот плоштад во Приједор.

Пронајдете не на следниве мрежи: