Видео: На продажба е гангстерскиот рај на Ал Капоне

Куќата на гангстерот Ал Капоне на Флорида повторно се најде на пазарот на недвижности и тоа по цена од 8,5 милиони долари. Според податоците на агенцијата Сотеби, „шармантниот комплекс се состои од една главна куќа од 923 квадрати изградена 1922 година и две гостински, еден огромен базен и приватни песочни плажи со поглед кон заливот. Има седум спални соби, пет бањи и два тоалета“, пренесуваат американските медиуми.
Вилата се наоѓа на Палм Ајланд, а имотот се простира на 2.700 квадратни метри.

Капоне ја купил во 1928 година за 40.000 долари, а умрел од срцев удар во 1947 година, на 48 годишна возраст.
Куќата потоа била во сопственост на семејството на Капоне, потоа се смениле неколку сопственици. Реновирана е во 2011 година кога се продавала за 10 милиони долари.
Моментално е во посед на еден сметководител кој ја купил пред само половина година за 7,4 милиони долари. 
Според податоците на агенцијата Сотеби, „шармантниот комплекс се состои од една главна куќа од 923 квадрати изградена 1922 година и две гости

Пронајдете не на следниве мрежи: