Видео: Најдобриот град за живот во светот

Плата 1.200 евра, наемнина 15 евра,  гратис интернет, а нема ни криминал…Мариналеда е мал град во Шпанија кој се наоѓа на површина од 25 километри и брои околу 2700 жители.
Жителите без страв ги изразуваат своите политички ориентации. Наместо блескави реклами-уличната уметност во облик на графити го краси овој град. Улиците ги носат имињата на славните борци за човекови права.
Додека остатокот од Шпанија се бори со домашната олигархија и банките кои ја преземаат земјата, одлуките во овој град се носат по пат на демократичност, односно на неделни состаноци на кои присуствуваат од 300 до 400 луѓе.  Додека во Шпанија владее невработеност од 27 % во овој град сите се вработени.
Токму поради тоа сите сакаат да се преселат таму, па затоа има и листа на чекање, па за вселување се чека повеќе од една година. До сега се изградени 350 куќи, а се очекува уште 250 да се изградат. Просечната плата изнесува 1.200 евра месечно. Можеби тоа не ви изгледа многу, но мора да се напомене дека за да се земе една куќа под наем потребни ви се само 15 евра месечно, па со оваа плата може пристојно да живеат.
Во градот има бесплатен интернет. Исто така во овој град има два фудбалски стадиони, кошаркарски терени, тениско игралиште, базен…Сите тие им се на располагање на жителите, бесплатно се разбира.  Мариналеда има и своја црква.
Во овој град жителите сами си градат куќи. Потребно е две години да бидат жители на градот, па од локалните власти го добиваат потребниот материјал за градење на куќа, а дури откако ќе ја изградат треба да плаќаат по 15 евра месечно за материјалот што го користеле.
Секако, не можат сите сами да градат куќи па властите им помагаат со архитекти, работници и слично. Куќите не може да се продаваат. Еднаш месечно во градот се одржува настан на кој жителите даваат идеи за тоа како градот да стане уште подобар и поубав. Доколку идејата биде прифатена, волонтерите веднаш се фаќаат за работа.
Градот има своја телевизија. Полиција овде не постои.
-Според законите во Шпанија, потребно е да имаме од 4 до 7 полицајци. Но, ние не ги сакаме овде. Затоа што овде се е доброволно, заедно се бориме за своите животи.-објаснува градоначалникот.Мариналеда е мал град во Шпанија кој се наоѓа на површина од 25 километри и брои околу 2700 жители.

Пронајдете не на следниве мрежи: