Видео: Најладното место во светот со – 71!

Во Ојмјакон живеат околу 500 жители, а името на селото во превод иронично значи „вода која не замрзуна“. Но, баш и не е така. Всушност, повеќето куќи во ова село се топлат со тоа што загреваат вода и ложат дрва. Навечер, кога не ложат, температурите се толку ниски  што дури и цевките замрзнуваат. Сепак, ова се само проблеми со кои луѓето таму се соочуваат за време на ноќта. Во текот на денот се случува очилата или пак мастилото во пенкалата да им се замрзне, а многу често и батериите на мобилните телефоните престануваат да работат.

 
Зборовите – дека животот овде не е лесен е блага изјава, а во однос на тоа дека нема вегетација, жителите се хранат исклучиво со коњско месо и риба. Докторите истакнуваат дека основната причина поради која луѓето не патат од изгладнување е тоа што ова месо содржи доста хранливи материи.
Доказ за тоа колку жителите се навикнати на овие температури зборува и тоа дека децата престануваат да одат во училиште дури кога температурата ќе падне под -52 степени. Во јули и август, температури над 30 степени се незамисливи.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во Ојмјакон живеат околу 500 жители, а името на селото во превод иронично значи „вода која не замрзуна“

Пронајдете не на следниве мрежи: