ВИДЕО: Направил костум за болниот син: „Сега е силен како Iron Man“

Четири месечниот Колиер Харт го поминал целиот свој краток живот во болница бидејќи бил прерано роден и морал да биде приклучен на апарати. Татко му за ноќта на вештерките му направил интересен костум.Последните 4 месеци, целиот свој краток живот, Колиер Харт го поминал во болница во Северна Каролина приклучен на апарати.
Со оглед на тоа дека прерано се родил, морале да го задржат во болница.
За неговата прва ноќ на вештерките таткото Ерик, кој инаку изработува реквизити, му направил минијатурен костум на Iron Man, популарниот филмски суперјунак.
– Сакав да му помогнам така мал да се чувствува храбар – објаснува Ерик Харт.
Сето тоа го снимал и трогателното видео го објавил на интернт. Користел примерок од хартија па драстично ја смалил мерката за да одговара на бебето. Потоа исекол делови од оделото кои ги ставил на посебен сунгер. За да добие автентична кацига како на суперхеројот користел жолт и црвен сунгер чии делови ги залепил во работилницата во својот дом. Потоа од платно направил одело и ракавици. За изработка на коските го инспирирал главниот лик во филмот Tony Stark кој како и неговиот син, мора да биде споен на жици за да преживее.
– Мислев дека ако има костум на Iron Man, ќе може да дојде дома со нас – вели грижливиот татко.
На момчето му го облекле костумот во болница на само неколку минути.

Последните 4 месеци, целиот свој краток живот, Колиер Харт го поминал во болница во Северна Каролина приклучен на апарати.
Со оглед на тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: