Видео: Насилство на улиците: Русите се побрутални со геј популацијата

Од кога руската Дума ја забрани „хомосексуалната пропаганда“ насилството над ЛГБТ заедницата е се почесто, додека насилниците остануваат неказнети бидејќи полицијата не реагира на нападите. Строгиот руски закон за забрана на „хомосексуалната пропаганда“, кој минатата година со големо мнозинство го усвои руската Дума, доведе до зголемување на бројот на напади на малцинските хомофобични организации и тоа во пресрет на Зимските олимписки игри во Сочи.

Организацијата „Хјуман рајтс воч“ интервјуирала мноштво лезбејки, геја, бисексуалци и трансексуалци кои го опишале секојдневното физичко и психичко малтретирање со кое се соочуваат, а кое останува неказнето од страна на властите.
– Луѓето мислат дека ЛГБТ личностите не се човечко битие, туку само играчка со која можат да си играат како сакаат. Ако видат таква личност на улица тие помислуваат „би можел да ја удрам“ – рекол Глеб Латник ЛГБТ активист.
Организацијата пронашла најнови снимки од насилствата на руските улици, во кои јасно се гледаат силеџиите кои од ништо не предизвикани, прво ја критикуваат појавата и облекувањето на геј личностите, по што физички ги напаѓаат. 
Погледнете во видеото: 
Строгиот руски закон за забрана на „хомосексуалната пропаганда“, кој минатата година со големо мнозинство го усвои руската Дума, доведе

Пронајдете не на следниве мрежи: