ВИДЕО: Научниците во ЦЕРН снимени како прават бизарен сатанистички ритуал

Европскиот центар за нуклеарни истражувања ни приреди возбудлив настан.На бизарната снимка се гледа како група поединци со наметки се собираат околу скулптурата на индискиот бог Шива и до смрт бодат жена со нож.
Не се знае многу за потеклото на видеото, ниту за човекот кој снима, но автентичноста воопшто не е ставена под знак прашалник, благодарение на вчудоневидувачкиот одговор од страна на ЦЕРН.
Портпаролот на организацијата објави дека тие снимале филм во установата.
ЦЕРН нагласи дека лажниот ритуал е снимен без нивно знаење и вети дека ќе бараат да се покрене истрага.
„Секоја година илјадници научници од насекаде ширум светот се собираат токму овде, и понекогаш некои претеруваат со хуморот, а токму тоа се случи и во оваа прилика“, изјавија од ЦЕРН.
Најверојатно никогаш нема да дознаеме што се случувало таа вечер во дворот, но сигурно е дека оваа снимка ќе го најде своето место во дебелите материјали со теории на заговор.
На бизарната снимка се гледа како група поединци со наметки се собираат околу скулптурата на индискиот бог Шива и до смрт бодат жена со нож.

Пронајдете не на следниве мрежи: