ВИДЕО: Отишол да извади три заба, а се разбудил без ниту еден

Не е утврдено дали забарот не го разбрал барањето на овој млад човек, или од зли намери му ја уништил насмевката.
Кристофер Крајст (21) тврди дека отишол на стоматолог да извади три расипани заби, а излегол – без ниту еден.
Дечкото, кој боледува од аутизам, мајка му го испратила до локалниот стоматолог со јасна наредба – вадење на три заби. Но кога момчето се разбудило од сон поради пилулата која ја испил против болка, сфатил дека забарот му ги извадил сите заби.
“Кога се појави низ вратата, тој изгледаше збунет, но најмногу од сè – престрашен”, вели мајката на момчето. Таа и нејзиниот син, ќе поднесат кривична пријава против стоматологот.
“По ужасниот инцидент, се вратив со мојот син во ординацијата, но не исфрлија и ја повикаа полицијата”, вели револтираната мајка.
Инаку, оваа стомашка ординација неколку пати била обвинета дека извршувале процедури кои пациентите не ги барале и многу луѓе се пожалиле дека им извадиле повеќе заби одколку што требало.Не е утврдено дали забарот не го разбрал барањето на овој млад човек, или од зли намери му ја уништил насмевката.

Пронајдете не на следниве мрежи: