Видео: Ова е вратата која буквално води во иднината!

Знаеме за лизгавите, ротирачки, автоматски и уште многу други врати. Но, ако сте мислеле дека имате јасна претстава за тоа какви се типови на врата постојат, сте биле во заблуда. Творецот на досега невидената врата е австралискиот уметник Клеменс Торглер, а неговиот дизајн би можел засекогаш да го промени погледот на градежните елементи со кои секојдневно се среќаваме.
„Не можам да престанам да гледам како оваа врата се отвара и затвара“ – е еден од коментарите на интернет.
Паметната геометриска структура наречена „Еволуциона врата“ прв пат се појавила на Јутјуб во јуни минатата година. Во тоа време, Торглер својот изум го претставил како „Врата со плочи кои се вртат“ (Flip-panel door).

Според зборовите на овој „столарски уметник“, со усовршување се дошло до некои детали кои оваа врата ја прават полесна за употреба од традиционалната, а пред се се работи за „меки рабови“ кои не можат да ви ја стиснат или повредат раката и во секој друг поглед се апсолутно безбедни.
„Еволуционата врата“ е само една од неколкуте несекојдневни врати кои Торглер ги дизајнирал. Инаку сите се засновани на ротирачки квадрати, а специјалната конструкција, како што се наведува на неговиот сајт, овозможува помрднување на вратата во страна без користење на било какви шини. 
Творецот на досега невидената врата е австралискиот уметник Клеменс Торглер, а неговиот дизајн би можел засекогаш да го промени погледот на градежн

Пронајдете не на следниве мрежи: