Видео: Оваа жена планира да живее без храна шест месеци

Навена Шајн, од Сиетел која неодамна наполнила 65 години ќе проба да живее без храна цели шест месеци. Таа планира да се одржува само со вода и сонце. Овој нејзин експеримент го нарекла „Живот од светлина“.
„Тоа е парадигма на животот во која ние како човечки суштества не мора да внесуваме било каква храна за да преживееме“- кажува таа.
Нејзина инспирација е група на јога практиционери или таканаречени „бридеријанци“ кои со години тврдат дека може да се живее само од светлина.
Ние сметаме дека нутритивните извори веќе се вградени во нашиот телесен и спиритуален систем и светлината е доволна да бидеме здрави- вели Шајн додавајќи дека иако не знае што е точно тој извор во нас, сепак симполично го нарекла „светлост“.
Неодамна Шајн го завршила 33-иот ден без храна и до тогаш има изгубено дури 9 килограми.
За да може да докаже дека се воздржувала од храна, Шајн поставила камери низ својата куќа кои го снимаат секој нејзин чекор и напредок во експериментот. Исто така, се надева дека ќе може да ги постави видеата на интернет за неколку недели.
Сличен ваков експеримент спровела една жена од Швајцарија, која набрзо после оваа „диета“ починала.Навена Шајн, од Сиетел која неодамна наполнила 65 години ќе проба да живее без храна цели шест месеци. Таа планира да

Пронајдете не на следниве мрежи: