Видео: Паднала од 17-ти кат и починала на првиот состанок!

Џенифер Розоф (30) трагично настрадала на првиот состанок, откако паднала од 17-ти кат од зграда во Њујорк.Џенифер Розоф (30) трагично настрадала на првиот состанок, откако паднала од 17-ти кат од зграда во Њујорк.
Таа заедно со партнерот Стивен Клусам (35) излегла на терасата, околу 12 часот и 50 минути, за да испуши една цигара, но, во тој момент оградата попуштила. Младата жена паднала на металната конструкција на другиот кат и веднаш починала.
Девојката и Стивен биле на прв љубовен состанок, па, таа го повикала да дојде во нејзиниот стан. Но, никој не очекувал ваква завршница на настаните.
Очевидците велат дека го слушнале Стивен како извикува- „Мојата пријателка падна! Падна од зградата!“
Имено, Џенифер веќе пет месеци работела како директор на продажба во компанијата „Трипл лифт“.
Од компанијата во која работела девојката изјавиле- Длабоко сме ожалостени поради ненадејната загуба на нашата драга пријателка и соработничка. Нејзината енергија и духовитост внесуваа радост во нашите работни простории.
Во моментов се испитува сигурноста на сите тераси во зградата. Џенифер Розоф (30) трагично настрадала на првиот состанок, откако паднала од 17-ти кат од зграда во Њујорк.

Пронајдете не на следниве мрежи: