Видео: Пенкало кое вибрира кога ќе направите грешка при пишување

Во недостаток на сигурност која ја обезбедуваат многу интернет страници за проверка на правописните грешки при пишување, германската компанија Lernstift, креираше револуционерно пенкало, кое вибрира кога ќе види грешка во правописот при пишувањето.
 
Од компанијата велат дека целта е со помош на пенкалото младите полесно да можат го совладаат правописот.
 
Пенкалото сеуште е во фаза на прототип, а способно е во реално време да “воочи“ грешка и преку вибрација го предупредува корисникот.
 
Пенкалото има два начини на работа. Едниот укажува на грешки во форма на нечитлив ракопис, додека вториот детектира правописна или граматичка грешка.
 
Погледнете како тоа функционира.
 
 Во недостаток на сигурност која ја обезбедуваат многу интернет

Пронајдете не на следниве мрежи: