ВИДЕО: Пијанист свири во ледени води за да го спаси Арктикот!

„Гринпис“ ја претстави историската изведба на пијанистот Лудовико Ејнауди на Арктикот, кој се приклучи на кампањата „Спасете го Арктикот“, соопштија организаторите од еколошката организација.Италијанскиот пијанист го изведе своето дело, компонирано специјално за случајот на пијано на пловечка платформа во океанот, во близина на Свалбард, Норвешка.
Музичарот патува на бродот на „Гринпис“, наречен „Арктичко изгрејсонце“ (Arctic Sunrise).
„Да бидам тука е неверојатно искуство“ – изјави Ејнауди и додаде:
„Ја гледам чистотата и кревкоста на ова место со свои очи и исполнувам песна напишана за најдобрата сцена на светот“ – изјави Лудовико Ејнауди од бродот.
На 24 јуни во Тенерифе, Шпанија, се одржува средба на Комисијата OSPAR која може да се донесе одлука за прогласување на дел од Арктикот за заштитена зона.
OSPAR е организацијата која управува со меѓународната соработка за заштита на морската средина во Североисточниот Атлантски Океан.
На средбата, Комисијата треба да донесе одлука за оформување на заштитена зона во меѓународните арктички води – зона, речиси 10% од она на што „Гринпис“ инсистира.
Решението треба да се земе в предвид заради информациите на научната комисија на OSPAR дека има доволно докази за огромната еколошка вредност на регионот и сериозната загуба на мраз, како последица на климатските промени.
„Гринпис“ ја потсетува Меѓународната заедница дека и покрај важноста на арктичката зона – ова е еден од најмалку заштитените океани.
Меѓународните води на Арктикот, кои стануваат сѐ подостапни поради намалениот мраз, ги будат интересите на меѓународни нафтени, транспортни и риболовни компании. Оддалеченоста на Арктикот ја прави оваа зона уште повеќе ранлива.
Италијанскиот пијанист го изведе своето дело, компонирано специјално за случајот на пијано на пловечка платформа во океанот, во близина на Свалбард

Пронајдете не на следниве мрежи: