Видео: Повлечен дресот на Кармело Ентони

Универзитетот Сиракуза одлучи да го повлече дресот со број „15“ од почит кон играчот поради кого во 2003-тата година го освои првиот трофеј во својата историја.
„Ова е еден од незаборавните моменти во мојот живот и кариера. Се започна пред десетина години. Никогаш не сум ни сонувал дека мојот дрес ќе биде повлечен. Се сеќавам дека во мое време се повлече дресот на Шерман Даглас, но сега тоа ми се случува на мене“ изјави Ентони.

Сиракуза во 2003-тата година го освои првиот трофеј во историјата на Универзитетот, а Ентони имаше просек од 22,2 поени и десет скокови по натпревар.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Универзитетот Сиракуза одлучи да го повлече дресот со број „15“ од почит кон играчот поради кого во 2003-т

Пронајдете не на следниве мрежи: