ВИДЕО: Прегази жена и дете и побегна

Полицијата во Западен Мидленд (Англија) објави шокантно видео на кое се гледа како непознат човек со автомобил удира жена и тригодишно дете. А притоа возачот не застанува да им помогне на жената и детето. Непознатото лице со полна гас избега од местото на несреќата, а случајните минувачи им помогнаа. За чудо, жената и детето останаа неповредени .
 На видеото јасно се гледа како 42 годишната иснтрукторка по возење која со себе ја водеше и својата тригодишна сестра, претпазливо гледа лево па десно пред да ја премине улицата. Автомобилите кои и надоаѓаа од десната страна полека успорија, меѓутоа во последен момент покрај автомобилот кој застана пешаците да поминат од никаде се појави црн автомобил „Ауди“ и ги удри жената и детето.
 Иако на момент возачот застанат, тој со полна гас побегна од местото на несреќата, оставајќи ги прегазени жената и детето да лежат на коловозот.
Она што е шокантно е тоа што, жената и детето со помош на случајните минувачи станаа на нозе неповредени.  
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Полицијата во Западен Мидленд (Англија) објави шокантно видео на кое се гледа како непознат човек со автомобил удира ж

Пронајдете не на следниве мрежи: