Видео: Приказна за момчето со челична волја

Неверојатна приказна која за момент ќе ве натера да сфатите дека постојат многу поголеми проблеми од оние со кои секој ден се справуваме. Уверете се дека упорноста и вербата во она што силно го посакувате е најтешкиот, но најуспешен начин да ги пребродите сите тешкотии кои ги носи животот.Ова е приказна за младиот Филип Михајловски, момче кое заслужено можеме да го наречеме виситнски борец. Храбар и истраен во својата верба и цел да може повторно да чекори, тој не престанува да се бори и да верува во себе, откако пред една година поради повреда на главата и вратниот пршлен не може да ги движи двата долни екстремитети. 
По поминати две операции, докторите велат дека досега не виделе толку млад човек со огромна челична волја.
Ова е доказ дека во најтешките моменти во животот не треба да се откажуваме, силната волја и упорноста е патот кој треба да не води до крај во борбата со пречките како што тоа го прави Филип.
„ Верувајте во себе и во своите способности, тоа е најважно! Ништо не е невозможно, се може да се оствари“- ова се зборовите кои Филип ги упатува кон сите оние кои се борат со горчливите моменти кои ги носи животот.
Трогнати сме од упорноста на овој голем човек. Што ни преостанува, освен да му посакаме успешно оздравување и остварување на своите најголеми соништа! Секоја чест!Ова е приказна за младиот Филип Михајловски, момче кое заслужено можеме да го наречеме виситнски борец. Храбар и истра

Пронајдете не на следниве мрежи: