Видео: Прва снимка од смртта – таа е во сина боја и страшна!

Во морбидното откритие, научниците за прв пат снимале како смртта го обзема живиот организам. Во видеото можете да ја видите вжарената спирала на смртта, која истражувачите ја нарекле „некротичка каскада“.Експериментот е изведен во лабораториски услови и е изведен на еден црв. На снимките направени со помош на микроскоп може да се види дека во моментот на неговото умирање телото емитира интензивен син сјај, кој се шири низ целото тело.
Научниците се надеваат дека со проучувањето на ова „смртна флуоресценција“ ќе се овозможи подобро разбирање на смртта и кај другите живи организми, вклучувајќи го и човекот.
Истражувачите од “Wellcome Trust and the Biotehnology and Biological Sciences Research Council” – ББСРЦ во Велика Британија веруваат дека ова истражување може да биде корисен модел за разбирање на тоа како настапува смртта кај луѓето и дека ќе успеат да го зголемат траењето на животот. Имено, кога одредени клетки ќе умрат, тие покренуваат верижна хемиска реакција за разложување на компонентите на клетките и изградба на молекуларни брани. Тие механизми се добро познати на ниво на клетките, но досега научниците знаеја мошне малку за тоа како смртта се шири во организмот. „Црвот на смртта“ може лесно да се види под микроскоп и тој наликува на бран од флуоресцентно сина боја, кој патува низ внатрешноста на телото Во студијата објавена во списанието Plos Biology докажано е дека флуоресцентната боја потекнува од некрозата на клетките.
„Препознавме хемиски пат на самоуништување на клетките. Тоа е всушност „син косач“, кој постепено го гасне целиот организам“, изјави професорот Дејвид Џејмс од Институтот за здравје и стареење на Универзитетот во Лондон. „Кога ќе му го блокираме патот, можеме да ја одложиме смртта, која настанала од некој надворешен фактор, како инфекција, но не можеме да ја забавиме смртта, која е последица на стареењето“, додаде тој.Експериментот е изведен во лабораториски услови и е изведен на еден црв. На снимките направени со помош на микроскоп м

Пронајдете не на следниве мрежи: