Видео: Се запали брод со над 2000 патници

Брод за крстарење на линијата Royal Caribbean се запалил во понеделникот околу два часот наутро. За среќа нема повредени. Бродот со име „Grandeur of the Seas“ тргнал од пристаништето на Балтимор према Бахамите. Откако избувнал пожарот некои од патниците морале да ги напуштат кабините и биле спремни да се качат во чамците за спасување.
Бродот во ниеден момент не останал без струја, но пожарот направил голема штета со што крстарењето било откажано. Компанијата изјавила дека сите патници на бродот ќе добијат оштета. Патниците се вратиле назад во Балтимор со авион. На бродот се наоѓале 796 членови на персоналот и 2224 патници.
Причината за пожарот е се уште не позната. Сведоците раскажуваат како неколку луѓе се онесвестиле.
-Луѓето избезумено трчаа низ бродот со појаси за спасување. Надвор имаше невреме и помисливме дека бродот тоне. Дури после половина саат дознавме дека на две палуби има пожар- изјавила патничката Danielle Miller (23).
 Брод за крстарење на линијата Royal Caribbean се запалил во понеделникот околу два часот наутро. За среќа нема повреде

Пронајдете не на следниве мрежи: