Видео: Седум години се допишувал со лажна жена

Едно момче од Брамптон – Канада дури седум години бил жртва на „catfishing“ или лажно претставување на интернет.
Зак кој е на 34 годишна возраст се вљубил во мистериозна девојка по име Бејли Мелиса Ричардсон, а нивната „врска“ траела седум години.
Љубовта започнала на страната „Hot or Not“, а младиот Зак не се сомневал во ниеден момент дека станува збор за измама.
Тие двајца разговарале по 6 часа во денот, па дури и го истетовирал нејзиниот лик на раката, а таа му испратила фотографија со слична тетоважа.
Девојката му рекла дека е модел од Калифорија, а секој пат кога договарале состанок, таа имала некое оправдување.

Меѓутоа, „љубовната врска“ се уништила кога Зак на YouTube пронашол видео со „девојката од неговите соништа“. И имало што да се види.
Тој тогаш сфатил дека се работи за 44-годишна жена по име Сабрина која лажно се претставувала како Мелиса.
За целата оваа работа да биде уште полоша, Сабрина била во брак и имала две деца, а во својот „заговор“ ја вовлекла и вистинската Мелиса Ричардсон-Фрид, која дури ја убедила да истетовира времена тетоважа на нејзиниот грб за наводно „да ја поддржи нејзината хуманитарна акција“ и да и испрати фотографија.
Откако се појавила приказната во медиумите, многу луѓе во светот се јавиле и признале дека исто така биле жртва на оваа измамничка.
Внимавајте со кого се допишувате на интернет!
Во видеото Зак зборува за лажната врска со Мелиса.Едно момче од Брамптон – Канада дури седум години бил жртва на „catfishing“ или лажно претставување

Пронајдете не на следниве мрежи: