ВИДЕО: Совети како да изгледате послабо на вашите фотографии!

Ако добро забележите, познатите лица на фотографиите не изгледаат прекрасно само затоа што се толку многу убави. Станува збор за начинот на позирање – во зависност од тоа како сте свртени кон објективот можете да изгледате послабо, подебело, со пократки или покуси нозе, со прекрасно или просечно тело, со убави или помалку убави црти на лицето и сл.Исто така, не е сеедно каде и во кој дел од денот се фотографирате. На пример, лицето изгледа најубаво додека сонцето е ниско – порано од претпладне или на самрак. Сончевата светлина тогаш ќе го направи вашето лице да блесне, ќе му даде кадифен сјај и нема да има остри сенки како на пример кога би се сликале додека сонцето е високо.
Ако не можете да го избегнете силното сонце, вклучете блиц на фотоапаратот затоа што така нема да имате остри сенки кои го изобличуваат ликот. Истото нешто направете го ако се наоѓате во сенка на дрво, а дел од сончевите зраци сепак доаѓаат до лицето. Не заборавајте дека, држењето на телото и положбата на лицето се подеднакво важни.
1. Ако сакате да изгледате послабо, свртете го телото малку настрана – да не биде свртено целосно кон објективот.
2. Внимавајте на положбата на телото – држете го правилно, истакнете го градниот кош и вовлечете го стомакот.
3. Ако сметате дека имате голем стомак и сакате да го скриете, заземете таква поза што ќе го скриете зад нешто или зад некој. На пример, ако сте повеќе луѓе на фотографијата, застанете малку зад личноста која е до вас, свртете се кон неа и приближете се доволно за стомакот да дојде зад неа.

4. Малку подигнете ја брадата затоа што ако таа е многу наведната може да изгледате како да имате подбрадок.
5. Пред сликање, нашминкајте се малку повеќе (но не претерувајте). Обратете посебно внимание на очите и устата затоа што ако малку ги нагласите со шминка, лицето може да изгледа поизразено.
6. Ако сакате да скриете некој дел од телото т.е. да не дојде до израз, во тој дел не носете облека која е светла или сјајна.
7. Стручњаците препорачуваат објективот да биде во висина на очите, но ако сакате да го издолжите телото, подобро е фотографот да биде во пониска положба од личноста која се фотографира.

8. Внимавајте на бојата на косата. Ако имате посветла боја на коса подобро ќе изгледате ако зад вас има темна позадина и обратно.
9. Изразот на лицето ќе изгледа многу поприродно ако го подигнете погледот кон објективот непосредно пред сликање – на пример, оној кој слика нека каже „сега!“ Многу луѓе, се чини, од долгото позирање и гледање во фотоапаратот некако „се скиселуваат“.
10. За совршена фотографија, седете за време на сликањето, свртете го телото кон фотоапаратот и наместете ги нозете странично.
11. Децата, но и возрасните, најдобро е да бидат фотографирани во спонтани ситуации – додека играат, спијат, јадат, пливаат и сл. затоа што тогаш најдобро изгледаат. Ако децата позираат заедно со вас, малку скокотнете ги или нешто сл. што природно ќе ги насмее.
Исто така, не е сеедно каде и во кој дел од денот се фотографирате. На пример, лицето изгледа најубаво додека сонцето е ниско – порано од пре

Пронајдете не на следниве мрежи: