Видео: Што би промениле на вашето тело?

Кога би можеле да промените барем една работа на своето тело, што би одбрале? Тоа е прашање, кое е поставено на неколку возрасни и деца, во видео во продукција на социјални активисти во групата „Jubilee Project“.
Возрасните воглавно сакале да надоместат некој физички недостаток, како што се „стрии по породувањето“, „големи уши“, „кесички под очите“ и др.
Меѓутоа, деца воглавно одговарале дека сакаат да имаат некои супер-моќи, како „уста на ајкула, за да можам да изедат многу“, способност за телепортација, „нозе како на гепард, за да можам брзо да трчам“ , „крилја“…
Можеби најинтересниот одговор го даде едно девојче кое рече дека всушности ништо не би менувало на своето тело.
„Ништо… Ми се допаѓа моето тело. Можеби би додала само опаш од сирепа…“
Што вие би промениле на своето тело? 
Тоа е прашање, кое е поставено на неколку возрасни и деца, во видео во продукција на социјални активисти во групата „Jubilee Project“.

Пронајдете не на следниве мрежи: