Според словачката телевизија ТА3, доцна синоќа се случила тепачка меѓу пратениците на владејачката партија Смер- СД и претставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Прага.Словачките пратеници, на вчерашната вонредна седница, која траела до раните утрински часови, а ќе продолжи и вечер, расправале за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на премиерот Роберт Фицо.
Опозицијата, која нема доволно гласови за отповикување на Фицо, предлогот го поднесе заради наводно неповолно купување на акции на Словачката компанија за плин (СПП), одобрено од Владата.
Конкретната причина за „пратеничката” тепачка била фигура од хартија на словачкиот премиер, која на говорницата ја поставиле опозициските пратеници откако Фицо и министрите ја напуштиле седницата.
Неколку тупаници биле разменети кога пратеници од Смер- СД се обидувале да ја тргнат фигурата на која имало напишано „Виновен за дарување на Словачка на новопечените богаташи”, а пратениците на опозицијата се противеле.
– Бев на лекар и имам 1,5 сантиметри долга рана на устата, изјави за словачкиот портал Сме.цз, опозицискиот пратеник Јозеф Вискупич.
Актуелната Влада има намера од Чешкиот енергетски и индустриски холдинг (ЕПХ) да го откупи удделот во Словачката плинарна СПП, што за опозицијата е неповолно заради загубите на СПП.
– Десничарските влади по приватизацијата на СПП секогаш им помагаа на странските сопственици при покачување на цените на плинот. Никогаш ништо не направија за доброто на обичните луѓе. Апсурдно е, тие кои помагаа за поскапувањата сега да сакаат да ја паднат Владата за тоа дека ги исполнува сопствените заложби, рече Фицо во одбрана на владините чекори.
МИАСловачките пратеници, на вчерашната вонредна седница, која траела до раните утрински часови, а ќе продолжи и вечер, расправале за п