Видео: Тони Зен се враќа со нов видео запис

Излезе  најновиот спот на Тони Зен за песната „Светот е твој“.
„BMA BROTHERS” е продукцијата која стои зад ова видео, во режија на Мерт Арслан. Музиката е на Нино Васков, а текстот се разбира на самиот Тони Зен.
За овој спот се искористени снимки од патувањето низ Европа на Тони Зен и Хисар Травел.
Спотот се промовира осум дена пред настапот на Тони Зен на бугарскиот „359 Хип-хоп фест“ кој ќе се одржи на 20 јуни во Пловдив.
Овој фестивал ќе трае три дена, а нашиот познат рапер ќе настапи првата вечер, кога е  предвиден и настапот на светскиот познат рапер Рик Рос.
Вечерва во 18.00 часот во „24 Ексклузив“ ќе се случи телевизиската промоција на спотот.
Погледнете го видео записот во продолжение. Несомнено ова ќе биде уште еден голем хит Тони Зен. Уживајте!Излезе  најновиот спот на Тони Зен за песната „Светот е твој“.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: