Видео: Вака од вселената изгледало рушењето на кулите близначки

Франк Хубертсон за време на терористичкиот напад се наоѓал на Меѓународната вселенска станица и штом видел што се случува, земал камера и забележал неверојатна глетка. Франк Хубертсон бил единствениот Американец во вселената на 11 септември 2001 година, кога дознал дека терористите го нападнаа САД.  
Хубертсон бил на Меѓународната вселенска станица и се јавил за контрола на летот за редовниот ласерски преглед. Кога слушнал за терористичкиот напад, ја грабнал камерата и го побарал најблискиот агол. Тогаш почнал да прегледува дали се случуваат други напади на територијата на САД.
– Тој ден небото беше сосема јасно, без облаци и Њујорк убаво се гледаше. Имаше црн облак од чад кој се издигаше од градот. Кога зумирав со камерата можев да видам сива дамка како се шири над јужниот Менхетен и како другата зграда се урива – рекол Хубертсон. 
Погледнете го видеото на следната страна:

 
Франк Хубертсон бил единствениот Американец во вселената на 11 септември 2001 година, кога дознал дека терористите го нападнаа САД.  

Пронајдете не на следниве мрежи: