ВИДЕО: Во Македонија се појави локален Џек Мевосек!

Замислете го ова сценарио: шетате по улица и одеднаш зад аголот се појавува маскиран касап со крвав сатар во рацете, кој безмилосно тргнува да ве нападне. Не е баш пријатна глетка за гледање нели?Мора да ве предупредиме дека станува збор за шега, по повод наближувањето на Ноќта на вештерките – празник кој и кај нас полека се вкоренува.
Екипата од Clever pranks production „дежураше“ по темните улици и направи видео кое морате да го погледнете.
Нивниот касап ги плашеше луѓето и стана дел од нивните најлоши кошмари. Би сакале да ве прашаме: како би реагирале доколку вам ви се случи вакво нешто?
Но, мора да признаеме дека нивната шега е успешна, со оглед на фактот што луѓето навистина беа преплашени. А токму тоа е и целта за шегите што се подготвуваат за овој празник. 
Морничаво, оригинално и креативно. Погледнете:
Мора да ве предупредиме дека станува збор за шега, по повод наближувањето на Ноќта на вештерките – празник кој и кај нас полека се вкоренува.

Пронајдете не на следниве мрежи: