Видео: Во Русија падна ПОРТОКАЛОВ снег!

Жители во Саратов, град оддалечен околу 850 километри од Москва, сведочеа на една навистина необична појава. Имено, во градот падна портокалов снег, пишува „Руска реч“.Од локалниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина, го објаснија настанот со минувањето на циклон од Западна Сахара над регионот.
-Воздушната маса ни дојде од Северна Африка преку Средоземното и Црното море. Воздушната маса од Сахара, полна со прав, откако примила еден дел песок и влага, сега паѓа на европскиот дел од нашата земја и Кримскиот полуостров. А таквата необична боја му ја дава обичниот песок, соопшти раководителот на регионалната метеоролошка служба Михаил Болтухин.

Според метеоролозите, портокаловиот снег не претставува никаква опасност – жолто-портокаловиот снег нема да му наштети ни на човекот, ни на животните.
Од локалниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина, го објаснија настанот со минувањето на циклон од Западна Сахара над ре

Пронајдете не на следниве мрежи: