Видео: Возач на камион со херојски чин спаси живот на едно девојче!

Со камионот им го попречи патот на возилата и спречи поголема трагедија!Италијанските медиуми известија за возач на камион кој со својот потег спаси живот на осумгодишно девојче кои испаднало од автомобил на автопат!
Абдехамид Хадач се возел со својата 8-годишна ќерка на автопат, но, во еден момент удрил во друг автомобил. Од силниот удар автомобилот бил исфрен кон оградата, а задната врата се отворила и неговата ќерка испаднала од автомобилот.
Тогаш камионот кој возел зад нив на време закочил и им по попречил патот на другите возила и така спречил поголема трагедија.
Возачот на камионот веднаш му помогнал на таткото кој се обидувал да го оживее девојчето чие срце престанало да чука.
Веднаш стигнала брзата помош, со нивната интервенција девојчето оживеало, отаму е префрлена во болница каде се бори за живот.
-Не знам кој беше тој човек. Беше слаб и млад, а по знакот на камионот заклучив дека е од Босна. Исчезна веднаш откако ми помогна. Би сакал да го видам барем уште еднаш за да му се заблагодарам.-изјавил таткото на девојчето.
 Италијанските медиуми известија за возач на камион кој со својот потег спаси живот на осумгодишно девојче кои испаднало од автомобил на автопат!

Пронајдете не на следниве мрежи: