Неверојатниот Боб Едвардс има 105-години, но вели дека „не се чувствува стар“ па и понатаму вози.
Имено, тој е најстариот возач на автомобил во светот. Боб живее во Нов Зеланд.
Како што пренесува ББС, Боб возачкиот испит го положил во 1925 година, кога имал 17 години. Научил да вози во Велика Британија, пред да емигрира во Нов Зеланд.
Учел да вози на автомобил кој наместо волан имал рачка. Денес вози современ автомобил. Со автомобилот управува три пати неделно со цел да ги купи потребните продукти за да и готви на 91-годишната сопруга.
„Што се однесува до мене, возењето е дел од мене“-вели Боб.
Неверојатниот Боб Едвардс има 105-години, но вели дека „не се чувствува стар“ па и понатаму вози.