Видео: Застрашувачката игра меѓу тинејџерите веќе ги однесе првите жртви!

Застрашувачка и опасна игра се појавила меѓу тинејџерите од целиот свет, а последиците од учеството во неа ги однесоа првите човечки животи! Јавноста е загрижена и предупредува на лудиот тренд меѓу младите кој се повеќе зазема замав. Се вика „НекНоминати“ или „NekNominations“ и се шири со неверојатна брзина благодарение на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер .
За што станува збор?
Младите кои учествуваат се номинирани од страна на нивните врсници да го прифатат предизвикот и да ги освојат „симпатиите“ на останатите, пиејќи алкохол во некои опасни или бизарни ситуации, а сето тоа, се разбира, го снимаат и го ставаат на интернет. Се разбира, колку поопасно, тоа подобро. Нивната цел е со нивното видео да ги предизвикаат и мотивираат другите да направат уште пошокантно.
Освен што го одзема достоинството на соучесниците, оваа луда игра ги зема и првите жртви.

Првите смртни последици
Така 22 -годишниот диџеј од Ирска е пронајден мртов во неговиот дом во Даблин, ноќта по учеството во играта, според Бизнис Инсајдер. И 19 -годишниот Џони Брн починал додека учествувал во неа – откако испил три пијалаци скокнал во реката и се удавил. Неговото тело било пронајдено следниот ден.
Иако поголемиот дел од постовите и коментарите на социјалните мрежи се попусти, бидејќи во најголем дел снимките од тинејџерите се на необични локации и во што полуди пози, сепак, овој тренд станува доста опасна забава, а тоа се покажа преку споменатата смрт на двајцата Ирци.
Погледнете го видеото, во кое 19 -годишната Ребека Даглеј пие лименка пиво во долна облека во преполната продавница. 
Се вика „НекНоминати“ или „NekNominations“ и се шири со неверојатна брзина благодарение на социјалните мрежи како Фејсбук и

Пронајдете не на следниве мрежи: